ВМРО-ДПМНЕ од почетокот односно од првиот момент кога се потпиша овој договор, кажа дека нема да дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, истакна Невенка Стаменковска при самото гостување во емисијата„24 Отворено“.
Стаменковска нагласи дека веќе е јасен ставот на пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, веќе во втор ден од дебата на Пленарната Седница и исто така се беше јасно и на Комисиската расправа дека сме против промена на уставното име.
-Овој процес ќе заврши тука, а ако заврши Пленарната Седница во текот на оваа или друга недела ќе се стави на гласање Предлогот за потребата за отворање на промена на Уставот и доколку се види дека нема 2/3 мнозинство гласови, тогаш целата процедура завршува тука согласно Деловникот за работа Собрание на Република Македонија. Со денешната изјава на премиерот Заев многу е јасно дека не може да обезбеди 2/3 мнозинство, посочи Стаменковска.