Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска во денешното обраќање во рамки на собраниската Комисија за уставни промени му се обрати ма македонскиот народ којшто, како што рече таа, и по сите уцени и закани на денот на референдумот остана на својот став и остана во одбрана на Уставното име на Република Македонија.
-Скандалозниот предлог за почеток на промена на Уставот на Република Македонија којшто го добивме како пратеници во Собранието на Република Македонија, иако овдека сите велите декларативно дека произлегува од волјата на граѓаните на Република Македонија којашто ја дале на референдумот на 30 септември. Можам слободно да кажам дека вие само декларативно изразувате дека тоа е волјата на граѓаните. Во суштина вашиот предлог којшто стигна во Собранието на Република Македонија нема ниту една точка којашто се поврзува со самиот референдум, а тоа значи дека самите си признавате дека овој референдум е неуспешен. И ви благодариме што пративте таков допис со којшто декларативно потврдувате дека референдумот од 30ти септември 2018 е неуспешен. Исто така согласно процедурата којашто е воспоставена до сега, кога станува збор за предлог промена на Уставот на Република Македонија или амандмани за промена на членови на Уставот, секогаш оваа постапка ја води министерот за правда. Овој пат имаме исклучок. А, тоа значи конечно некој од Социјал Демократскиот Сојуз признава дека овој договор е штетен за македонскиот народ и затоа министерката не се одважи да дојде и да биде иницијатор за промена на Уставот на Република Македонија, нагласува таа.
Стаменковска истакнува дека додека овдека декларативно зборувате дека ова е единствената шанса којшто Македонскиот народ ја има за да може да успее да биде дел од европското семејство и да биде членка на НАТО, во исто време Каменос во Вашингтон на средба кај Вес Мичел, државниот секретар за евроазиски прашања вели: „Знам дека договорот во Република Македонија во Собранието на Република Македонија нема да биде ратификуван.
-И бидејќи знам дека овој договор ќе пропадне имам втор план, имам алтернативен план, којшто ќе ги има истите геополитички цели како и Преспанскиот Договор, но нема да зафаќа делови коишто се однесуваат на името на замјата“. Уште еднаш повторувам, додека вие овде декларативно зборите дека Македонија нема друга шанса, во исто време на средба во Вашингтон , вашиот политички сојузник ветува сосема нешто друго. И дека тука ние декларативно велиме дека овој референдум е успешен и дека Македонскиот народ си го кажал своето на референдумот , во исто време службениот весник на Р. Македонија ја објави одлуката.„Референдумот на 30ти септември е неуспешен.“ Имам прашање до Социјал демокртаскиот Сојуз. Ако утре излеземе на избори, дали ќе одите со паролата„Гласајте за нас“. Го продадовме името на Република Македонија, проекти немаме. Ништо не сработивме. Но, во иднина може да ја продадаме државата и во иднина може да ги продадеме вашите домови. Тоа е единствената парола во којашто СДСМ може да настапи ако утре би имале избори. И како што се скандалозно се случува во оваа држава од моментот кога Социјал демократскиот сојуз дојде на власт, така е и одлуката за овој срамен референдум којшто знаевме дека ќе биде неуспешен. Референдум којшто потроши многу државни пари, народни пари, закојшто отчет сеуште немаме и како е тргната работата отчет нема да имаме, нагласи Стаменковска.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека овој договор за мене уште од самиот момент на потпишувањето е неважечки, бидејќи не е испочитувана ниту една правна процедура, ниту еден закон во Република Македонија, не е испочитуван ниту Уставот на Република Македонија.
-Имено согласно законот за склучување и ратификација и извршување на меѓународни договори во член 3 вели: Единствен кој што е овластен да потпише договор во името на Република Македонија кога станува за меѓународен договор е Претседателот на Република Македонија. Сакајќи СДСМ да ја избегне институцијата Претседател на Република Македонија потпишува сремен договор кој што го потпишува министерот за надворешени работи, иако согласно со Уставот на Р.Македонија член 119 од Уставот и член 3 од законот за склучување и ратификација на меѓународни договори, министерот за надворешни работи нема правен основ да потпише ваков меѓународен договор. Да не збориме за процедурата во собранието на Р. Македонија. Повторно се става европскотознаменце , се кршат европските процедури за работа, се воведува ЕПП број кој што ЕУ не го познава, тоа е европскиот број 2018.1200.7576. Слободно македонските граѓани можат да го побараат но, ваков број нема да најдат. Понатака во член 135 од деловникот за работа на ова Собрание постои процедура којашто точно дава објаснување кога европско знаменце може да биде ставено кога се работи за документ од ЕУ. Повторно владата на Р. Македонија и Собранието ја кршат процедурата ставајќи го европското знаменце. Понатака доколку ова одеше во редовна постапка, овој Закон ќе беше во комисијата за надворешни работи, за тоа постои одлука која што е објавена во Службен весник број 64 од 31.05.2017 година, каде што се наведени декларативно сите активности кои што ги има комисијата за надворешни работи, меѓу кои и да одлучува за меѓународни договори склучени во името на Република Македонија. И нели продолжувајќи во духот на добрата верба и работа во рамки на ова Собрание, пратениците во 3 и 13 минути добија порака дека Собранието во 3 и 30 ќе заседава и ќе одлучува по однос на распишување на референдумот. Ама тоа е се во духот на почитувањето на правото и правната држава во Република Македонија. Референдумското прашање член 15 став 4 од Законот за референдум, прашањето мора да биде прецизно формулирано, недвосмислено и јасно да се изрази волјата на Република Македонија. За ова имаме потврда и од Венецијанската комисија на која што вие многу пати се повикувате. Нашето прашање, референдумското прашање имаше најмалку осум варијанти. Понатака кога веќе стигнавме до делот дека Договорот постои, го замајувате македонскиот народ дека овој референдум бил за влез во Европската Унија и НАТО. Па би сакала да ве потсетам прво, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер на 05.10 изјави, држејќи обраќање во Австискиот Парламент ,,Вратите на Европската Унија се затворени за прием на нови членки до 2025 година’’. 2025 година е најрано кога земја може да влезе во Европската Унија, а притоа само напоменувам дека единствени земји кои тогаш би влегле во ЕУ се Србија и Црна Гора. Македонија ја нема на планот како дел од ЕУ семејството до 2025 година, потенцираше таа.
Пратеничката нагласи дека истото ова го порача и Пахор, треба да бидете свесни да престанeте да го лажете и манипулирате македонскиот граѓанин и да излезете јасно да кажете дека референдумот во Република Македонија имаше една цел, да се промени уставното име на Република Македонија.
-Истото ова го потврди и ДИК,кога наведе дека овој референдум е рефереднум за промена на уставното име на Република Македонија и доколку би имале шанса да влеземе во ЕУ ние повторно треба да распишеме референдум. Бидејќи доколку не го знаете да ви го прочитам и член 120 од Уставот на Република Македонија, каде што вели дека одлука за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува собранието со двотретинско мнозинство гласови. Одлуката е усвоена ако на референдум гласале мнозинството од вкупниот број на избирачи. Тоа значи дека цензусот кој што вие си го поставивте на 30-ти септември е многу поразличен од оној цензус кој што треба да биде при евентуален влез во ЕУ и НАТО. Ако земеме да го анализираме овој Договор, можеме да кажеме слободно дека најпрвин овој Договор е Договор со кој што Република Македонија сама врши капитулација пред останата друга држава. Не не ословуваат со името на државата, ниту со име со кое што сме примени во ОН, вели втората страна како ние да сме безимени како да немаме име. Не постои друг договор кој што е склучен помеѓу две држави каде што едната земја не се наведува со нејзиното уставно име или со име кое што го користи под некоја привремена референца во некоја меѓународна организација. Има многу обврски кои што произлегуваат за втората страна, која што сите ние толкуваме дека тоа е Република Македонија, бидејќи нигдека не пишува дека е Република Македонија, а скоро никакви обврски не произлегуваат за првата договорна страна. Никаде во договорот ако земете добро да го анализирате не стои како ќе не именуваат. Ама заради тоа во исто време додека се случуваа сите овие работи, пратеничката на Нова Демократија, Марија Спираки која беше присутна во ова Собрание кажа, Република Македонија не ги исполнува копенхашките критериуми и не е подготвена да ги започне преговорите и не го прифаќаат постоењето на македонскиот народ, македонскиот јазик. Истото ова пратеничката на Нова Демократија го изјави точно во оваа сала од каде што денеска колегите од СДСМ се обидуваат да не убедат колку овој договор е добар и е битен за опстанокот на Република Македонија. Понатака во овој срамен договор стои задолжителна ратификација во Македонија, а ратификација во Грција откако ќе се смени Уставот во Република Македонија, што може да значи дека Македонија може да направи се и на крај Грција да каже дека втората договорна страна не го почитувала духот на Договорот и дека овој Договор е неважечки. Референдумот е битен и важи само за втората договорна страна, но не важи и за првата договорна страна. Промената на Уставот е битна за втората договорна страна, а не и за првата договорна страна. Првата договорна страна може и да не ја почитуваа оваа спогодба бидејќи може да каже дека втората договорна страна не ја почитува спогодбата во духот како што било договорено и со тоа првата страна да ја повлече, а ние веќе хипотетички и Уставот да го смениме, вели таа.
Втората страна, пососчи Стаменковска, се откажува дека историски постоела како држава што не важи и за првата договорна страна.
-Втората договорна страна се откажува од историското и културно наследство и се ограничува само на денешната територија на Р. Македонија , се откажуваме од македонското малцинство. Втората договорна страна се откажува од користењето на симболи кои и сметаат на првата договорна страна но исто така и во иднина може да и сметаат но ова не се однесува и на првата договорна стана и притоа не дава објаснување за еленската историја и цивилизација. Надлежен суд во случај на спор е Меѓународниот суд за правата во Хаг а првата страна и во овој момент не ги почитува сите нејзини пресуди. Зарем верувате дека толку многу отстапки направила Република Македонија во споредба со Грција и верувате дека понатаму Грција ќе продолжи да не почитува како што не почитувала и до сега. Мислам дека многу се лажете. Понатаму, постојано велите дека во рамките на ЕУ здравството било бесплатно образованието било бесплатно па за време на кампањата имавме не знам колку билборди бесплатно здравство, бесплатно образование а цел дел од Грција е во Гевгелија на бесплатни здравствени прегледи кои што се извршуваат таму бидејќи нели здравството во рамки на ЕУ е бесплатно. Понатаму велите дека образованието е бесплатно а тука сме сведоци на не знам колку безброј познати и непознати имиња кои што добиваат високи стипендии за да се школуваат во ЕУ. Почитуван Премиере добро е што вака дофрлувате од место ВМРО ДПМНЕ не е и никогаш не било против влез во ЕУ и НАТО, ВМРО ДПМНЕ има една и единствена цел да ја зачува унитарноста на Р. Македонија зачувувајќи го уставното име Република Македонија. Понатака, ако добро го читате договорот, понатака вика дека овој договор во евентуален референдум во втората договорена страна овој договор ќе биде валиден почитувајќи ги два принципи, зависи од успешноста на референдумот на втората договорна страна, да си признаеме Р. Македонија на 30 септември имаше неуспешен референдум. Тоа значи дека еден од двата услови таксативно набројани во овој договор веќе се прекршени и овој договор како што кажав иако беше ништовен од самиот почеток со секој нареден чекор потврдува дека овој договор не е веќе валиден. Понатаму, и ова го пишува точно во член 2 став 4 од договорот, вели Стаменковска.
Тука колешката вели сте имале успешен референдум од тие што излегле 36 % од целата територија на Р. Македонија повеќето кажале дека биле за да се смени името на Р. Македонија, колешке ако не ги полневте кутиите ако не правевте терор на вработените по јавните институции вашиот референдум немаше да има повеќе од 25 % излезност ама тоа е. Не е наш колега, ВМРО ДПМНЕ на овој референдум кажа, ВМРО ДПМНЕ го кажа ставот референдум да за потребата за влез во ЕУ и НАТО но не и за промена на уставното име. Понатака, ако веќе сакаме да дискутираме на вакви теми многу ме интересира дека овдека никој не се одважува во ова Собрание да каже дали Анкетната комисија која што ја побара ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ќе се дозволи да се формира во ова Собрание или не. Нема да се формира ?
Тоа е уште еден доказ за целата манипулација која што се направи на референдумскиот ден. Недозволувајќи да се формира Анкетна комисија не дозволувате да се формира Анкетна комисија бидејќи се плашите дека целата прљавштина што е направена околу референдумскиот ден ќе излезе на виделина, целото полнење на кутии неважечки гласови односно на избирачи места каде што имаше повеќе избирачки ливчиња во кутиите од колку запишани гласачи во избирачкиот список и т.н. но исто така се обидувате и бегате да дадете отчетност каде се потрошени народните пари за овој неуспешен референдум.
И уште еднаш само да ви повторам дека член 73 од Уставот на Р. Македонија е јасен, одлуката на референдумот секогаш е задолжителна, тоа значи дека имавме неуспешен референдум и ниту еден пратеник во Собранието на Р.Македонија нема право да гласа за Уставни промени.