Искрено очекував бидејќи актуелното раководство на СДСМ во многу работи наназад покажа дека едно говори а сосема друго прави. Јавноста се сеќава сигурно дека пред речиси 2 месеца премиерот Зоран Заев од собраниската говорница кажа дека сега е време да најдеме начин да се помириме, но сега сосема спротивно Законот за амнестија кој што го предложи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а СДСМ го одби беше закон кој што нуди вистинско помирување во Република Македонија и кој што нуди неселективна правда, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска во нејзиното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24.
Таа додаде дека поради начинот на кој што функционираат институциите во државата се по очигледно е дека во Македонија има селективна правда и дека сите лица кои се обвинети и за настаните од 27-ми април, но и во други обвиненија не можат да очекуваат владеење на правото и правда бидејќи како што рече Стаменковска, судството работи по насока на владејачката СДСМ. Стаменковска потенцираше дека пратениците во Собранието добиле насока од Владата на Република Македонија за разрешување на тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски, нагласувајќи дека доколку навистина судството и судските органи се независно не може и не смее да се добива насоки од Владата на СДСМ. Според нејзе владата на СДСМ е неспособна да направи било каков напредок ниту реформа со што би се подобрила работата на институциите на државата.
Без конструктивна опозиција како што е ВМРО-ДПМНЕ во моментот, Владата предводена од СДСМ е целосно неспособна сама да воведе реформи, ниту да направи било како напредок, рече таа.