Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска во своето гостување во Топ Тема на телевизија Телма посочи дека голем дел од вработувањата за кои постои сомнеж за непотизам се случени по денот на распишување на избори, што е спротивно на Законот.
Таа го посочи примерот со својата колешка од редовите на СДСМ, Мира Стојчевска чиј брат и син се пријавени во АВРМ на 9-ти февруари, ден по распишувањето на претседателските изборите на 8 февруари.
– По однос на новите вработувања вие кажавте дека до моментот на распишување на избори имате право да вработувате. Но јас ќе ве потсетам вие очигледно ја немате таа информација дека изборите се распишаа, претседателските избори се распишаа на 8-ми февруари, но братот и синот на колешката Мира Стојчевска се пријавени во АВРМ на 9-ти во саботата. Што реално АВРМ работи од понеделник до петок, малку е нејасно како се пријавени двајцата во сабота, а друго веќе по распишувањето на изборите и ова не е случај само сега, најголем број на вработувањата, на огласи, тендери итн. се случуваа кога изборите беа веќе распишани и за ова ја повикува Антикорупциска која тогаш не постоеше да ги разгледа документите за склучени договори од кој најголем дел се за вработување, вели Стаменковска.
Според Стаменковска најголем број од лицата кои се вработени во администрацијата по доаѓањето на СДСМ на власт немаат доставено изјави за интерес во Атникорупциската комисија, ниту пак за податоци за својата имотна состојба. -Најголем број од лицата кои што се вработени во администрацијата посебно по доаѓањето на СДСМ на власт немаат доставено изјави за интереси, но исто така немаат доставено ниту податоци за својата имотна состојба која што исто така е предмет на антикорупциската комисија. Јас како пример ќе ве потсетам дека се случи несреќа на колешката од СДСМ од Виница во која што и беше запален автомобилот, но на имотниот лист не фигурираше такво возило. Тоа е уште еден доказ дека не ја пријавуваат имотната состојба, но и вработувањата не се пријавуваат во антикорупциската комисија и по стариот закон, додаде таа.