Стапуваат на сила американските санкции против Иран, откако администрацијата на Доналд Трамп одлучи да се повлече од договорот за денуклеаризација на Иран, кој беше склучен во 2015.
Санкциите се однесуваат на финансиските трансакции, увозот на суровини, како и на автомобилскиот сектор и комерцијалната авијација, додека од ноември треба повторно се воведат и санкциите врз увозот на иранска нафта.
САД се повлече од договорот за денуклеаризација на Иран во мај, и им остави на другите партнери транзициски период пред да ги воведе повторно санкциите.