Финансии 06.11.2024 13:43

Стефковски со граѓански дијалог ќе го крои буџетот за 2025 година

Стефковски со граѓански дијалог ќе го крои буџетот за 2025 година

Општина Гази Баба од денес ја започнува постапката за креирање на буџетот за 2025 година која ќе се реализира во неколку фази.

Во првата фаза ќе се организира сеопфатен граѓански дијалог во кој граѓаните ќе имаат можност да ги кажат своите идеи и проекти кои сметаат дека треба да го имаат своето место во буџетот на општината за следната година.

За концептот, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на своите социјални мрежи каде што напиша:

Ве повикувам да го дадете својот придонес во развојот на општина Гази Баба. Ветив отворена и транспарентна општина во која Вие, граѓаните ќе одлучувате и од таа моја заложба нема да отстапам – напиша Стефковски.

Дополнително, општината им овозможува на граѓаните своите идеи и предлози за буџетот да ги достават и по електронски пат на е-маил адреса: tvojaideja@gazibaba.gov.mk.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.