Останавме покуси за многу, морам да потенцирам, ветени проекти од оваа Влада. Сето тоа што го ветуваа сега го одбиваат. И тоа е навистина катастрофално, посочи Димитар Стевананџија, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.
Стевананџија појасни дека пред неколку недели биле на средба со Светска Банка и навистина како пратеник очите да ти капат од страв. Другите се срамеа што ни го пренесуваа тоа што е лошо за македонската економија и како оваа држава се развива. Се срамеа дека во Република Македонија за овие две години стагнира буквално се.
Ништо не тргнува напред за жал продолжува задолжувањето со кое СДСМ во опозиција секојдневно држеа пресови. Правеше инциденти сакам да потсетам во 2018 година го урнавме рекордот, Македонија се задолжи за милијарда евра. 2019 година планира да се задолжи за нови 800 милиони евра, тие што кажуваа дека веќе е заборавено задолжувањето само за две години Република Македонија ќе ја задолжат за нови 2 милијарди евра, нагласи Стевананџија.