Актуелно 16.05.2018 11:11

Стоилковски: Заев и криминалниот картел на власт ја туркаат државата во банкрот, граѓаните прашуваат каде завршуваат нивните пари

Стоилковски: Заев и криминалниот картел на власт ја туркаат државата во банкрот, граѓаните прашуваат каде завршуваат нивните пари

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека криминалниот картел предводен од Зоран Заев на чело на власта ги задолжи граѓаните со нови 16 милиони евра. Вклучително со 9-те милиони евра долг од минатата недела само во месец мај криминалниот картел на Зоран Заев ги задолжи граѓаните со нови 25 милиони евра долг.

-Зоран Заев и криминалниот картел на власт ја туркаат државата во банкрот. За прв пат во независна Република Македонија јавниот долг надмина 5 милијарди евра, а државниот долг е над 4 милијарди евра. Граѓаните прашуваат каде завршуваат нивните пари, знаејќи дека спиралата на покачување на цените расте, а има стагнација и намалување на платите, на пензиите на социјалната помош, нема капитални инвестиции, изјави Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека државата неосновано се задолжува, а економијата тоне.

-Градежништвото бележи огромен пад, само во месец март оваа година бројот на издадени дозволи за градба е за 45% помал  од истиот месец минатата година. Тоа е шок за целата економија знаејќи дека градежништвото со себе повлекува десетици други стопански гранки, изјави Стоилковски.

Тој вели дека сите инфраструктурни проекти се неоправдано закочени, тоа е одраз на неспособноста и безидејноста на овој криминален картел на власт.

-Немањето на капацитет да се води држава придонесе нивото на реализирани капитални инвестиции во првиот квартал од оваа година да изнесува само 7,4 %. Колку може да се очекува да изнесуваат капиталните инвестиции и нивната реализација до крајот на годината, 30, 40 или 50%, но ни толку, но никако не може да се очекува 100% реализација на капиталните  инвестиции до крајот на годината, изјави Стоилковски.

Тој кажа дека оваа власт покажа дека не знае да ја води државата.

-Државата под раководство на СДСМ стагнира, а граѓаните се се посиромашни. Ова расипничко однесување мора да запре. Оваа власт не знае и не може да управува со државата. Државата и граѓаните заслужуваат подобро, изјави Стоилковски.