Актуелно 23.03.2019 12:39

Стојаноска: Законот за јавно обвинителство не е за пазарење, тука прашањето е дали ќе имаме правна држава

Стојаноска: Законот за јавно обвинителство не е за пазарење, тука прашањето е дали ќе имаме правна држава

И СДСМ велеше јавниот обвинител да биде на предлог на опозивијата, потсети Стојаноска, додавајќи но очигледно вече тоа не им одговара. -Доколку се прифати ова решение довербата во институциите че се зголеми, тоа е многу едноставно, рече Стојаноска која укажа на проблематичните судски процеси. Според неа не треба да се брза со вакви решенија, зошто ако не бидат квалитетни има само негативни последици. Говорејќи за довербата во институциите таа укажа дека мнозинството граѓани не го добија она што го очекуваа од СЈО кое беше производ да се надмине политичката криза.

-Очекувањата беа дека ќе работи според закон, а тоа не се реализира и факт е дека Јанева спроведуваше постапки само кон членови на ВМРО-ДПМНЕ, рече Стојаноска. Според неа механизмите за придобивање на гласови како што ги видовме во минатото, а ги користеше СДСМ не водат кон ништо добро. -Во моментов владеачкото мнозинство не располага со потребното квалификувано мнозинство. Доколку располагаше немаше да преговара со нас, да преговараат работни групи. Механизмите за придобивање гласови во минатото остава белег на евроинтеграцијата. Но, доколку и овој закон се донесе со присили, уцени, непристојни предлози ќе остави дамка на владеењето на СДСМ. Нема да прифатеме да бидеме алиби доколку процесот не усее, а силно работиме на тоа да успее, рече Стојаноска.