Актуелно 21.05.2018 10:31

Стојчевска од СДСМ, која зема 11.736 евра за патни трошоци вели дека зголемувањето на акцизата не влијае на сиромашните оти немаат автомобили

Стојчевска од СДСМ, која зема 11.736 евра за патни трошоци вели дека зголемувањето на акцизата не влијае на сиромашните оти немаат автомобили

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет кажа дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не поседуваат автомобили.

Комисијата вчера расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се укине покачувањето на акцизата на дизелот од три денари, кое стапи на сила на 1 јануари. Мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет го одби предлогот на опозицијата, а образложението за неприфаќање на предлогот го даде Стојчевска, која минатата година зеде 11.736 евра за патни трошоци.

-Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, кажа пратеничката на СДСМ од Делчево.