На денешното рочиште за предметот „Титаник“ судијата Осман Шабани, од само негови познати причини ги смени правилата во судницата и нареди на судската полиција да ја заклучи вратата од судницата за никој да не влегува и излегува од просторијата откако ќе започне расправата.
Правилото како што рече тој ќе важи и за новинарите па, настана паника во судницата бидејќи дел од новинарите кои работат во телевизиите имаат обврска да се вклучат на линк во живо пред судската зграда.
Исто така на влезот од судот им беа одземени сите мобилни телефони на обвинетите и адвокатите. Судијата Шабани им се закани дека ќе преземе додатни мерки и казни доколку некој прошверцува мобилен во судницата. И меѓусебните разговори судијата строго ги забрани, со што на обвинетите им се ускрати правото за консултации со одбраната за време на расправата.
Инаку на денешното рочиште во тек е доказна постапка со читање на смс пораки кои се одвивале помеѓу обвинетите во „Титаник“.