Сушата во Западна Европа ќе влијае врз родот на компирите, а со тоа и на должината на помфритот, известуваат германските и швајцарските медиуми.
Компирите не растат повеќе поради сушата, па при натамошна обработка ќе бидат многу помали од она на кое сме навикнати.
За обработка, односно за помфрит или чипс, неопходно е компирот да достигне големина од најмалку 7,5 сантиметри.
Можно е дека помфрит ќе биде пократок оваа година, рече претседателот на швајцарското Здружението на производители на компири, Руди Фишер.
Должината на помфритот е особено важна за рестораните за брза храна, првенствено за „Мекдоналдс“, бидејќи ако тие се пократки тогаш полошо се пакуваат во картоните што се предвидени за нив, објасни Фишер.