Повеќе од една четвртина Македонци ја напуштиле државата во последната деценија. Уште илјадници други се подготвуваат да си заминат во потрага по подобар живот.
На оваа појава алармира Светска Банка.
Министерката за образование и наука, Рената Тренеска Дескоска вети отворање на нови работни места за младите кадри, во склоп на универзитетите.
„Со тоа на големо задоволство можам да кажам дека дел вративме, а дел спречивме да заминат. Оваа недела веќе се пуштени нови согласности во Министерството за финансии коишто ќе овозможат вработување на нови луѓе во универзитетите” – изјави министерката Дескоска.
Најголем дел од иселените се со високо образование.