Актуелно 21.05.2018 10:29

Тасева: Работниците во „Фени“ биле ставени под закуп како да се предмети

Тасева: Работниците во „Фени“ биле ставени под закуп како да се предмети
Промена на планот за реорганизација на „Фени Индустри“ бара невладината Транспаренси Интернешнел за да спаси иднината на фирмата и дигнитетот на работниците. Според претседателката Слаѓана Тасева, мониторингот утврдил дека во планот има сериозни повреди и низа незаконитости. Ги повика државните институции – Судскиот совет, Финансиската полиција и Јавното обвинителство, да преземат мерки во рамки на своите надлежности за да ги испитаат сите незаконитости.
Тасева рече дека невладината го гледа интересот на земјава и тоа дека сега некој прави криминал со оваа стечајна постапка. Вели дека според сегашниот договор, работниците биле ставени под закуп како да се предмети.
– Очекувам, ако вака остане состојбата, дека Фени нема да трае подолго од септември или декември оваа година. Тие вработени ќе останат на улица. Овој гигант ќе биде прогласен за нерентабилен и Македонија ќе го изгуби Фени, рече Тасева.
Пред околу една недела, „Глобал Спешал Опортјунитис ЛТД“, која ги презела побарувањата од доверителот, до судот во Велес го поднела планот за реорганизација, односно 12 дена по истекување на рокот.
Дека треба да се отфрли планот, Тасева рече дека на одборот на доверители директорката на УЈП, како доверител, гласала против.
Прашана за обвинувањата од вицепремиерот Кочо Анѓушев кој ја обивни дека нема право да се меша во комбнинатото Тасева вели и невладиниот сектор и институциите треба да вршат мониторниг на власта и фрмите.
– Нека работат институциите да видат што било вчера. Нашата работа е да ја следиме работата на оваа влада. Тоа никогаш не и се допаѓало на ниту една влада, ама тоа е нашата работа и ќе продолжиме да го правиме. Наше е и денеска да не се краде, рече Тасева.
Претходно, синдикалниот одбор на ФЕНИ упати отворено писмо до Транспаренски интернешнал која ја претставува тасева , да се откаже од застапување на интересите на Кунико Ресурсис и од ревизија на стечајната постапка, бидејќи сега работниците земаат плата и дека „не им била потребна нејзината помош“.
Извор:Алфа