Актуелно 30.05.2018 13:20

Тасева за „Несомнено“: Македонија не само што е заробена политички, туку е и економски што претставува пречка во борбата со корупцијата

Тасева за „Несомнено“: Македонија не само што е заробена политички, туку е и економски што претставува пречка во борбата со корупцијата

Дел од земјите членки на Европската Унија изминатите денови ја потсетија Македонија дека „камен на сопнување“ повторно е борбата со корупција.

За корупцијата, непотизмот и судирот на интереси за емисијата „Несомнено“ говореше претседателката на  „Транспаренси интернешенал“, Слаѓана Тасева.

Тасева рече дека последните две години, Македонија бележи рекорден пад на индексот на перцепција на корупцијата. Таа рече дека државата е ставена на врвот на листата на корумпирани држави во Европа.

-Забележавме уште еднаш историски пад на индекост за перцепција на корупцијата. Минатата година Македонија забележа пад од рекордни 24 места а оваа година уште 17 места. Никогаш во историјата на постоењето на индекост за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешенал“ не сме биле на 107 место, толку доле што не ставаат на врвот на листата на корумпирани држави во Европа, нагласи Тасева.

Според Тасева, вистинскиот проблем на Македониај за влез во ЕУ не е само името, туку борбата со корупцијата. Таа рече дека кога ќе се се реши проблемот со корупцијата, тогаш Македонија може да го реши проблемот со името.

Исто така проблем за развој на корупцијата во Македонија е и немање на членови во антикорупциската комисија.  Уште во месецот март, членовите на антикорупциската комисија си поднесоа оставки па затоа антикорупциската сеуште не функционира а замени за членовите нема. Тасева вели дека оваа комисија не е независна а тоа на власта и одговоара.

-Во последно време најмалку таа комисија е независна. Се претвори во силно политичко тело кое се иструметионалиира и се користи од страна на власта. Во моментот зошто не се избираат членови е зошто станува збор за политички калкулации, коруптивни договори затоа што на некого му одговара   во моментот да немаме ефективна антикорупциска комисија ,посочи Тасева.

Таа рече дека доколку постоеше таква комисија сега ќе имаше одговор за постоењето на непотизмот во Јавното Обвинителство. Тасева нагласи дека не само што Македонија е заробена политички, туку и економски.

-Ние сега веќе гледаме дека не само што е заробена државата политички, таа е заробена економски. Тука се во прашање големи економски и финансикси интереси кои што им пречи да имаме ефикасен систем за борба против корупцијата. И пречи да имаме силна антикорупциска комисија констатираше, Тасева.

Таа додаде дека и Јавното обвинителство се држи строго под контрола на власта. Тоа јасно се гледа рече Тасева, со тоа што се бираат луѓе како што се сака, се носат одлуки со судир на интереси како што сака Власта.