Живот 31.07.2018 21:24

Таткото на Меган Маркл повторно напаѓа: „Таа не би била никој и ништо без мене!“

Таткото на Меган Маркл повторно напаѓа: „Таа не би била никој и ништо без мене!“

Како што минува времето, станува сè појасно зошто на венчавката на Меган Маркл присуствуваше само мајка и’ и зошто принцот Чарлс ја однел до олтарот.

Членовите на семејството на Меган од страната на таткото сè почесто се огласуваат во медиумите и се обидуваат да украдат дел од славата на новата војвотка, а коментарите на татко и’ веќе неколку недели се полни со незадоволство.

Томас Маркл, кој поради наводни здравствени проблеми не се појавил на венчавката на својата ќерка и принцот Хари, пред неколку недели изјавил дека сè уште ја чека поканата за чај со кралицата и додал дека Елизабета Втора би можела да најде време и за него, кога веќе го примила во посета американскиот претседател Трамп.

Во едно ново интервју, 74-годишниот Томас изјавил дека се лути што Меган не му се јавува повеќе и што нема пристап до кралската палата.

„Го имав нејзиниот приватен број во палатата, но откако изнесов неколку критики во јавност на сметка на кралското семејство, одлучија целосно да ме отфрлат“, се пожалил таткото на војвотката од Сасекс.

Томас се сомнева дека Меган му се лути поради тоа што им кажал на новинарите дека ќерка му сака деца, па не разбира каде згрешил, бидејќи, според неговите зборови, војвотката зборува за деца изминативе шест до седум години.

„Ви велам, моето трпение ги премина границите со Меган и кралското семејство. Сакаат да молчам, сакаат едноставно да ме снема. Но јас нема да замолчам. Одбивам да бидам тивок. Чувството на надмоќ кај Меган ме исполнува со гнев. Таа не би била никој и ништо без мене. Јас ја направив војвотката од неа што ја гледате денес. Јас сум заслужен за сето тоа што е таа денес!“, гневно изјавил Томас за медиумите.