Актуелно 27.02.2019 12:02

Тешко повредено младо момче од Муртино: Со тракторот удрил во земјен брег и паднал

Тешко повредено младо момче од Муртино: Со тракторот удрил во земјен брег и паднал

На 26.02.2019 во 21:30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Н.(23) од село Муртино, струмичко.

Според пријавата, истиот ден околу 15:00 часот во атарот на село Муртино, М.Н. управувајќи трактор удрил во земјен брег и паднал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.