Финансии 20.06.2024 09:58

Тетекс откупи 19.118 сопствени акции

Тетекс откупи 19.118 сопствени акции

Речиси еден милион евра се вложени во акции на тетовски „Тетекс“. Во блок трансакција реализирана на официјалниот пазар, за која информира Македонска берза, познат купувач се стекнал со пакет од 19.118 акции, кои претставуваат 4,62 проценти од основната главнина.

Се работи за обични акции чија номинална вредност е 50,4 евра. Вредноста на ој блок е 60.221.700 денари или над 979 илјади евра. Цена за акција е 3.150 денари. Единечниот износ е повисок од просечната цена на акцијата на „Тетекс“, која вчера, според официјалната дневна берзанска листа, изнесувала три илјади денари.

Некогашниот македонски и југословенски текстилен гигант од производството на текстил се откажа во 2020 година. По производствениот век од цели 69 години, се преориентира кон рентабилни активности. Главниот акционер на ТТК банка остварува приходи по неколку основи – од продажба на готови производи, услуги и од примени дивиденди.

Во текот на минатогодишното работење „Тетекс“ оствари нето-добивка од 94.292.098 денари (над 1,5 милиони евра). Беше поделена и дивиденда за акционерите, која и за 2022 и за 2023 се пресметуваше по бруто 110 денари за акција.

Челната позиција во „Тетекс“ ја има Бобан Гоговски, кој е генерален директор и извршен член на Одборот на директори. Во составот на ова управувачко тело се Борислав Трповски како претседател, членовите Стеван Томовски, Евгенија Трпкоска и Душко Мишески, како и независните членови Звонимир Ристовски и Михаил Петковски.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.