Актуелно 10.05.2018 14:44

Тезгаџии ја блокираа улицата на Бит Пазар по интервенција на полиција

Тезгаџии ја блокираа улицата на Бит Пазар по интервенција на полиција

Околку пладнe на Бит пазар, според сведочења на очевидци, избил инциден кога полицијата се судрила со поголема група на граѓани. Како што јавија и дел од домашните медиуми, најверојатно станува збор за дивите тезгаџии кои продаваат околу пазарот, а кои полицијата сакала да ги отстрани утрово.

Во моментов, улицата кај пазарот е целосно блокирана, а голем број на граѓани се излезени на коловозните ленти каде не можело да мине ниту едно возило.