Актуелно 05.10.2018 12:34

Титаник: Одбраната обвинува за дискриминација – судскиот совет и главен судија го ускратуваат правото на одбрана

Титаник: Одбраната обвинува за дискриминација – судскиот совет и главен судија го ускратуваат правото на одбрана

Продолжуваат апсурдните судски одлуки во случајот Титаник каде претседател на судскиот совет е судијата Осман Шабани, а втор судија Огнен Ставрев, син на повеќе деценискиот комунистички висок функционер во Македонија и Југославија, помеѓу 60-тите и 80тите години, велат извори од одбраната.

Адвокатката Татјана Попоска Булоски, иако уредно го најавила своето отсуство поради службен пат уште на минатото рочиште уште пред 10 тина дена, судијата Осман Шабани денеска донел решение со кое судското рочиште продолжува без одбрана за дел од обвинетите во овој случај.

Со ова според одбраната судијата повреди повеќе права и принципи.

-Прво направи дискриминација. Вчера истиот овој судија и судски совет го одложи судењето на Елизабета Канчевска заради неприсуство на адвокат. Денеска истиот судски совет и главен судија на Биљана Бошковска Бришкоска и го ускрати правото на одбрана, и го продолжи судењето без да биде застапувана од адвокат по нејзин избор. Класична ситуација на повреда на правото на правично судење, велат од одбраната.

Со ова според упатените повредени се сите начела на законот за кривична постапка и повреда на законските права на обвинет загарантирани и утврдени во законот за кривична постапка, европската конвенција за човекови права и Уставот на Република Македонија.

Од одбраната додаваат дека во овие политички случаи иако се водат незаконски и фабрикувани постапки против обвинетите,  власта ги користи во правец да го дискридитира ВМРО-ДПМНЕ дека бара амнестија за обвинетите, а всушност станува збор за политички прогонувани лица, за кои единствено што може да бара ВМРО-ДПМНЕ е прекин на политичкиот прогон.