Економија 09.07.2019 13:31

Тонат берзите во САД и Европа поради неизвесната одлука на Fed

Тонат берзите во САД и Европа поради неизвесната одлука на Fed

Акциите на Wall Street и на европските берзи се во опаѓање поради шпекулациите на инвеститорите дека Федерални резерви на САД (FED) може да се воздржи од агресивното намалување на каматните стапки поради неочекуваниот силен извештај за отварање на работни места во САД.

На Wall Street, поширокиот индекс S&P 500 паднал за 0,4 проценти, индустрискиот Dow Jones за 93 поени или 0,4 проценти, на 26.828 поени, а технолошкиот Nasdaq за 0,8 проценти, објави агенцијата AP.

И европските индекси го завршиле вчерашното тргување на негативна територија.

Индексот Euro Stoxx 50 паднал за 0,12 проценти, германскиот DAX за 0,19 проценти, францускиот CAC40 за 0,12 проценти, шпанскиот IBEX 30 за 0,36 проценти, додека единствено лондонскиот FTSE 100 се зголемил за слаби 0,01 проценти, јавува њујоршката агенција Bloomberg.

Еврото паднало за 0,1 проценти на 1.1212 долари, на најслабо ниво за речиси три недели, доларскиот индекс на Bloomberg се зголемил за 0,1 проценти, додека јапонскиот јен се намали за 0,2 проценти на 108,72 јени за долар.

Во Азија, токискиот индекс Nikei 225 паднал за 0,98 проценти, додека хонгконшки Hang Seng за 1,54 проценти.

Повеќето инвеститори првично очекуваа дека FED на претстојната седница на крајот на овој месец ќе ја намали основната каматна стапка за најмалку за четврт процентен поен, но минатонеделниот извештај за вработување, кој укажува на отворањето на дури 224.000 работни места во јуни, ”ги протресе” овие очекувања.