Актуелно 29.11.2024 13:32

Тошковски: Жестоко и сурово ќе одговориме на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија

Тошковски: Жестоко и сурово ќе одговориме на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија

Сакам да упатам порака со сите оние кои што се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, жестоко и сурово ќе одговориме на било какви обиди. Впрочем, тоа го покажавме во текот на вчерашниот ден дека полицијата е спремна, зрела, професионална да одговори на сите предизвици, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информирајќи ја јавноста за 8 приведени лица по вчерашните инциденти.

-Полицијата реагира соодветно, професионално и зрело на сите предизвици кои се поставени пред неа. Времето на „како до сега“, крив е Пајакот, времето на крив е кабелот заврши. Имаат сите имиња и презимиња, овие сторители на конкретно кривично дело и ќе одговараат, вели Тошковски.