Актуелно 26.01.2019 19:17

Трагедија во Македонија: Најден мртов маж – брат му едвај го спасиле

Трагедија во Македонија: Најден мртов маж – брат му едвај го спасиле

Околу 15,25 часот било пријавено дека на улица „Македонски револуционери“ во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат 52-годишниот М.Т.

Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца. Починатиот М.Т. бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.