Актуелно 26.07.2018 17:28

Трајановски: Секој од нас треба да придонесе Скопје да се развива и да се гради- благодарам што Скопјани ми дадоа шанса да му се посветам на градот во моите два мандати

Трајановски: Секој од нас треба да придонесе Скопје да се развива и да се гради- благодарам што Скопјани ми дадоа шанса да му се посветам на градот во моите два мандати

Скопје секогаш ќе се сеќава на 1963 година, на изгубените животи, траумите и материјалните штети, ова преку својот Фејсбук профил денеска го објави поранешниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски.

-Благодарност за сите кои кои ни помогнале во обновата а ние нашата солидарност низ годините сме ја докажале повеќепати. Секој од нас треба да продонесе Скопје да се развива и да се гради. Благодарам што Скопјани ми дадоа шанса да му се посветам на градот во моите два мандати, потенцира Коце во својот пост.

Коце Трајановски 8 години за Скопје

Почитувани жители на СкопјеДраги сограѓани!Сакам да Ви се обратам како ваш сограѓанин, скопјанец, градски татко, пријател.Најпрво сакам да ви се заблагодарам за досегашната доверба која ми ја дадовте на локалните избори во 2009 и во 2013 година за позицијата градоначалник на Градот Скопје.Со ваша поддршка и преку секојдневната комуникација со Вас реализиравме многу проекти во овие 2 мандати.Како кандидат за градоначалник на главниот град од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и по трет пат ја барам довербата од Вас граѓаните, која имајќи ја во изминатите години беше чест и привилегија, а во исто време и уште поголема одговорност. Ви го претставувам мојот отчет со најкапиталните проекти за сработеното во изминатите два мандати.

Gepostet von Коце Трајановски am Montag, 18. September 2017