Американскиот претседател Доналд Трамп најави инвестиција до 500 милијарди долари од приватниот сектор во изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција (ВИ).
Трамп на прес-конференција во Белата куќа откри дека OpenAI, SoftBank и Oracle планираат заеднички проект наречен Stargate, пренесува CBS News.
На конференцијата присуствуваа и директори на компанијата – Масајоши Сон од SoftBank, Сем Алтман, кој раководи со OpenAI и Лери Елисон од Oracle.