Економија 22.08.2018 14:26

Трговската војна претставува проблем за најголемиот државен фонд во светот

Трговската војна претставува проблем за најголемиот државен фонд во светот

Норвешкиот суверен фонд, кој во моментов е најголем во светот со средства од речиси 1.000 милијарди долари, не успеа да ја достигне својата проектираната профитабилност за вториот квартал од годината, информира „CNBC“.

„Norges Bank“, која раководи со фондот, рече дека приносот до 30-ти јуни изнесува 1,8%, или 19,8 милијарди долари. Ова е за 0,2% пониско од целта поставена од Министерството за финансии на земјата.

Инвестициите во акции генерираа 2,7% од приносите, инвестициите во недвижнини – нови 1,9%, но обврзниците и државните хартии од вредност го намалија работењето на фондот.

Акциите беа најдобро претставени од компании, како „Amazon“, „Apple“ и „Royal Dutch Shell“.

„Акциите на компаниите од Северна Америка и Европа имаа позитивно влијание врз резултатите на фондот во вториот квартал, и покрај зголемените грижи од трговската војна меѓу САД и Кина“, изјави главниот извршен директор на „Norges Bank Investment Management“, Тронд Гранд.

Инвестициите во европски обврзници генерирана загуба од 2,2%, додека вложувањата во јапонските обврзници регистрираа пад од 1% за периодот. Овие загуби беа надоместени со принос од 3,1% остварен од државните обврзници на САД.

Кон 30-ти јуни средствата на Фондот изесуваа 8.337 милијарди круни, или 988.4 милијарди долари, а од нив 66.8% се инвестирани во акции, 2,6 отсто во имот и 30,6 отсто во финансиски инструменти со фиксен приход.