Економија 18.10.2018 16:24

Републикански лидер во американскиот Сенат: Царините почнуваат да и штетат на американската економија

Републикански лидер во американскиот Сенат: Царините почнуваат да и штетат на американската економија
Мич Мекконел, републикански лидер во американскиот Сенат, испрати порака до администрацијата на Трамп за брзо решавање на постоечките трговски спорови, особено со Кина, нагласувајќи дека царините што ги наметнале другите земји како одговор на трговската политика на Трамп, почнуваат да и штетат на американската економија.

– Царините почнуваат да имаат негативно влијание, затоа се надевам дека ќе напредуваме и во некои други области, особено со Кина, рече Мекконел.

Тој додаде дека се надева дека администрацијата на Трамп ќе избегне наметнување царини од 25% за увезените автомобили, прашање што предизвика паника кај производителите на автомобили.

– Се надевам дека наскоро ќе бидеме во подобра позиција и нема да мораме да одиме по тој пат, истакна Мекконел.