Живот 27.03.2019 12:50

Три работи што мажите им ги откриваат само на жените кои искрено ги сакаат

Три работи што мажите им ги откриваат само на жените кои искрено ги сакаат

Мажите обично не се толку вербални во покажувањето на своите чувства како жените. Ако ги прашате, повеќето ќе ви кажат дека поважно е им е љубовта да ја покажат со дела. Па и онака се вели дека делата понекогаш кажуваат повеќе од зборовите, нели?

Затоа, не изненадува што мажите за некои работи разговараат само со жената која искрено ја сакаат.

Освен што ужива во ваша близина, постојано ве бакнува и прегрнува, овие зборови ќе ви откријат и дека токму вие го имате она посебно место во срцето на мажот во вашиот живот.

Се плаши дека ќе ве изгуби

Иако од некои нејасни причини уште се промовира ставот дека мажите „не смеат“ да покажуваат страв и слабост, дури и тие кога се заљубени „до уши“ ќе ви признаат дека се плашат дека ќе останат без вас. Можеби нема директно или често да зборува за тоа, но ќе биде емотивен и во хипотетички разговор дека би можел да ве изгуби на каков било начин.

Бара од вас емотивна потпора

Мажите не се семоќни, секако, иако понекогаш сакаат да се однесуваат како да се. Можеби нема да го покажуваат секој знак на „слабост“, но кога се целосно препуштени на емоциите и им треба помош, ќе го спуштат гардот и јасно ќе ви кажат и покажат дека им е потребна потпора, разбирање и топлина.

Сексуални фантазии

За жал, сексот уште е табу тема за многу мажи и жени, во врска полна со љубов и разбирање, мажот ќе ги сподели своите сексуални фантазии со својата партнерка и ќе го очекува истото од неа, за да имаат целосно уживање.