Власта го клекна земјоделието на колена. Над 60 илјади тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени. Почнува новата сезона, а земјоделците не знаат што да прават со родот од претходната година, ова е катастрофа и пораз за власта, која ветуваше грижа за земјоделството во Република Македонија, реагира Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-До крајот на откупната сезона остануваат уште 2 месеци, невозможно е да се откупи целата количина од 60 илјади тони за 60 дена, што е премногу извесно е дека илјадници тони ќе останат да скапуваат во магацините. Годината која што помина ќе остане запаментена како најлоша година за јаболкарите во ресенско, пласман немаше, а револтирани јаболкарите сечеа овоштарници во најдобрите години и корнеа цели плантажи, истакна тој.
Трипуновски на прес-конференцијата презентираше и видео материјал кој покажува како јаболкарите разочарани од минатогодишната откупна реколта ги вадат насадите од кои што со години егзистираат нивните семејства.
-Ова е трагедија и директна вина на Зоран Заев и неспособната власт, која две години наместо за граѓаните работи за антидржавни политики. Заев и СДСМ од опозиција ветуваа сигурен откуп и достоинствени цени. Тврдеа дека државата е таа која треба да го организира откупот, и посочуваа примери од Европа, како тоа се прави, сега откако се на власт не само што нема подобар откуп, туку се е полошо. Верувале или не ова е истиот Заев кој две години не направи ништо за земјоделците и за јаболкарите Ресен, но и за земјоделците во цела Република Македонија. Нема откуп и достоинствени цени. Земјоделието е во хаос, а земјоделците безнадежни. Илјадници семејства чија единствена егзистенција беше земјоделието се соочени со сиромаштија и не знаат како да се организираат за претстојната сезона. Затоа Владата наместо празно политизирање мора веднаш да ја врати интервентната мерка од 3 денари и да им помогне на јаболкарите. Очекуваме итни мерки затоа што земјоделците имаат потреба од реална помош. Власта мора да го работи она за што е избрана, порача тој.