Актуелно,Економија 18.02.2019 19:15

Трипуновски: СДСМ го клекна земјоделието на колена, над 60.000 тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени

Трипуновски: СДСМ го клекна земјоделието на колена, над 60.000 тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени

Власта го клекна земјоделието на колена. Над 60 илјади тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени. Почнува новата сезона, а земјоделците не знаат што да прават со родот од претходната година, ова е катастрофа и пораз за власта, која ветуваше грижа за земјоделството во Република Македонија, реагира Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-До крајот на откупната сезона остануваат уште 2 месеци, невозможно е да се откупи целата количина од 60 илјади тони за 60 дена, што е премногу извесно е дека илјадници тони ќе останат да скапуваат во магацините. Годината која што помина  ќе остане запаментена како најлоша година за јаболкарите во ресенско, пласман  немаше, а револтирани јаболкарите сечеа овоштарници во најдобрите години и корнеа цели плантажи, истакна тој.

Трипуновски на прес-конференцијата презентираше и видео материјал  кој покажува како јаболкарите разочарани од минатогодишната откупна реколта ги вадат насадите од кои што со години егзистираат  нивните семејства.

-Ова е трагедија и директна вина на Зоран Заев и неспособната власт, која две години наместо за граѓаните работи за антидржавни политики. Заев и СДСМ од опозиција ветуваа сигурен откуп и достоинствени цени. Тврдеа дека државата е таа која треба да го организира откупот, и посочуваа примери од Европа, како тоа се прави, сега откако се на власт не само што нема подобар откуп, туку се е полошо. Верувале или не ова е истиот Заев кој две години не направи ништо за земјоделците и за јаболкарите Ресен, но и за земјоделците во цела Република Македонија. Нема откуп и достоинствени цени. Земјоделието е во хаос, а земјоделците безнадежни. Илјадници семејства чија единствена егзистенција беше земјоделието се соочени со сиромаштија и не знаат како да се организираат за претстојната сезона. Затоа Владата наместо празно политизирање мора веднаш да ја врати интервентната мерка од 3 денари и да им помогне на јаболкарите. Очекуваме итни мерки затоа што земјоделците имаат потреба од реална помош. Власта мора да го работи она за што е избрана, порача тој.