Финансии 12.04.2018 01:43

Трошоците растат, стандардот тоне – граѓаните на работ на егзистенцијата

Трошоците растат, стандардот тоне – граѓаните на работ на егзистенцијата

Во јавноста излегоа информации за покачување на трошоците за живот за месец март оваа година. Имено, државниот завод за статистика излезе со информации дека трошоците на живот во март биле на исто ниво како и во февруари, а цените на мало пониски за 0,1 процент.

Иако трошоците на живот се на истото ниво како во февруари се забележува движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 процент, кај житата за 1,6 проценти, замрзнатото овошје за 1,2 проценти, кај компирот, млекото, сирењето и урдата, другите пекарски производи и кај трбушките.

Пораст на трошоците на живот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата, кај предметите за лична хигиена и здравје, услугите за лична хигиена, средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани, обувките, резервните делови и опремата за сопствен превоз, големите електрични апарати, услугите за култура, облеката…..

Странски инвестиции нема, нови вработувања уште помалку. Експертите алармираат дека Македонија станува слепо црево на Балканот во поглед на привлекување на инвестиции , отворање на нови работни места а со тоа и покачување на стандардот на живеење.

Понатаму,  економистите велат дека народот се помалку има пари и се помалку троши . Јавната потрошувачка е намалена за 45 милиони евра во првото тромесечие оваа година, во однос на првото тромесечие лани. Тоа значи дека граѓаните се помалку имаат пари и се помалку трошат што претсавува знаак дека граѓаните  на Република Македонија полека но сигурно осиромашуваат.

Економистите предупредуваа на покачување на цените на производите со покачувањето на акацизата која владата на чело со СДСМ ја донесе како мерка . Тие предупредуваа на спиралниот ефект кој ќе се случи и истакнаа дека ова уште повеќе ќе се чувствува кон крајот на 2018 година.

Покачувањето на трошоците при отсуство на реално покачување на платите значи додатно осиромашување на сиромашните граѓани додека сигурно и постепено уништување на средната класа.