Време е СДСМ да ги тргне розевите наочари и да ја види реалноста. Република Македонија тоне. Економијата стагнира. Државата е заробена, правниот систем деградиран. Со СДСМ на власт јавниот долг на државата за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди евра. Додека долгот енормно расте, државата стагнира, платите паѓаат, стандардот паѓа, а трошоците за живот се се поголеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Милиони нови задолжувања, а ниту една нова капитална инвестиција. Државата бележи пад на капиталните инвестиции. Нивото на реализација на капитални инвестиции во првиот квартал од 2018 година изнесува само 7.4%. Наместо најавеното покачување на платите, имаме пад на платите за 867 денари во однос на февруари со јануари оваа година. Во исто време додека платите паѓаат, цените растат. Граѓаните се се по сиромашни. Граѓаните живеат полошо од пред една година, реагираат од партијата и додаваат:
„Дебаклот на економски план е пропатен со безидејност на сите полиња. Република Македонија под власта на СДСМ е нефункционална демократија. Законите не се почитуваат, а институциите се злоупотребуваат за партиски цели. Власта не работи за интересот на граѓаните, туку за интересот на врхушката на власт. Ова расипништво мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“.