Турската Влада, како дел од новата среднорочна економска програма, покажа забавување на економскиот раст и многу висока инфлација.
Економијата би пораснала во 2018 за само 3,8 проценти, речиси половина од ланските 7,4 проценти раст на БДП за истиот период.
Оваа стапка на раст би можела да биде и уште пониска, најави министерот за финансии Берат Албајрак и би требало да изнесува 2,3 проценти.
Стапката на онфлација во исто време би скокнала на 20,8 проценти до крајот на годинава, а малку би се намалила на почетокот наследната години и би изнесувала 15,9 проценти.
Проекциите за 2020 и 2021 се малку пооптимистички со раст од 3,5 проценти и 5 проценти. Инфлацијата би се намалила на 9,8 проценти, а во 2021 би изнесувала 6 проценти.
Албајрак , кој е зет на претседателот Ердоган , изјави дека новата економска програма се базира на начелата на ,,рамнотежа, дисциплина и промени”.