Туристичкиот сектор во Турција размислува дали да не се откаже од системот „Аll inclusive“, пишува весникот „Хуриет“, повикувајќи се на Конфедерацијата на трговци и занаетчии.
Според индустријата системот веќе е исцрпен и покрај тоа што бројот на туристите го надмина нивото од 2014-та година, приходите не се зголемуваат, дури се намалуваат.
Турскиот министер за туризам и култура, Мехмед Ерсој, исто така смета дека нешто треба да се промени и дека земјата треба да се стреми кон раст на парите што еден турист ги остава.
Во моментов, според хотелиерите, просечниот приход од соба е 76 евра на ден.
Се очекува Турција да ја посетат 36 милиони туристи во 2018-та година, што претставува генерирање на приходи од околу 30 милијарди долари – 4% од БДП-то.
Најмногу се туристите од Русија – 4,5 милиони во минатата година, сладат Германците со 3,5 милиони, а потоа се Бугарите кои ја посетија Турција – 1,85 милиони.