Економија 11.08.2018 10:10

Турција со сериозни економски проблеми

Турција со сериозни економски проблеми

Случувањата на финансиките пазари во Турција се алармантни – пад на лирата за 30 отсто во однос на доларот, пад на берзата за 17 проценти, скок на каматните стапки на задолжувањата на државата во лири за 18 отсто – сето ова се најави за стопанска криза во таа земја, а можна е и рецесија, коментираат западни аналитичари.

Загриженост за состојбата со турската економија изрази и ММФ кои во длабина ја скенираат состојбата во земјата.

Од почетокот на годинава турската лира во однос на американскиот долар потона за цели 30 проценти. Втор индикатор, кој се посочува како загрижувачки е што кредит на десет години во лири сега чини 18 отсто годишно. Турција во надворешната трговија забележува дефицит, односно повеќе троши отколку што заработува.

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич проценува дека годинава на Турција ќе и бидат потребни 230 милијарди долари за финансирање.

Како посебен проблем се наведува мешањето на претседателот Ердоган во политиката на Централната банка со тоа што не дозволува покачување на каматните стапки со цел да се намали инфлацијата.