Актуелно 12.09.2018 16:48

Турската лира со пораст во однос на доларот

Турската лира со пораст во однос на доларот

Вредноста на турската лира порасна во однос на американскиот долар во средата пред средбата на Комисијата за монетарна политика на Централната банка на Турција.

Вредноста за размена меѓу доларот и лирата опадна 6,3512 околу 14:30 часто по локално време, односно 1 процент.

Во средата, пак, вредноста за размената долар-лира беше 6,4440 околу 9:30 часот.

Централната банка очекува каматите да растат во текот на неделата. На 3 септември банката најави дека ќе продолжи да ги користи сите расположливи мерки за да добие на стабилност.

Во моментов, каматните стапки се под годишното ниво на инфлација во Турција.

Според Заводот за статистика на Турција, Туркстат годишното ниво на инфлација на земјата достигнало 17,90 проценти во август во споредба со јули, кога бројката изнесувала 15,85 проценти.