Актуелно 09.08.2018 23:07

Твитерџиите распалија по Шилегов: Едно општество за сите, секој има право на живот, па и комарците

Твитерџиите распалија по Шилегов: Едно општество за сите, секој има право на живот, па и комарците

Скопјани веќе подолг период се жалат од состојбата со комарците во последниот период, а како главен виновник ја гледаат градската администрација и градоначалникот Петре Шилегов. Последниов период некои знаат и да кажат „Скопје се чеша“.

Токму поради овој проблем и неажурноста на градските власти со прскањето, твитерџиите со хумор и сатира го изразија својот голем револт од работата на градоначалник, посебно за овој моментален проблем.

Во еден од постовите на Твитер се вели дека Шилегов би можел да сними филм во стилот на Хичкок.

Откако од градот Скопје известија дека авионите со кои било прскано не бучни како порано, па граѓаните не можеле да слушнат, еден корисник на Твитер вели дека може и САД да ни подзавиди.

Друг пак вели дека треба да му се каже на Шилегов дека поради комарците се намалува проментот во кафеаните.

Друг твит пак вели дека додека во соседството има Западнонилска треска, градските власти најавуваат кога ќе се прска.

Еден граѓанин пак вели на шега дека Шилегов им помага на учениците во основните училишта да си го направат инсектариумот.

Еден граѓанин вели дека Шилегов е најголемото промашување што му се случило на Скопје.

Во друг твит пак на шега се вели дека едно општество за сите, значи и живот за комарците.

 

Во еден твит се вели дека градоначалник би можел да биде обвинет за геноцид врз комарци.

Авионите биле невидливи, како и мандатот на Шилегов, се вели во еден од твитовите.