Актуелно 26.08.2018 13:40

Уапсен рускиот опозиционер Алексеј Навални

Уапсен рускиот опозиционер Алексеј Навални

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е најголем противник на Кремљ, е приведен денеска пред неговиот дом од засега непознати причини, објави на Твитер неговата портпаролка Кира Јармиш.

Навални е приведен пред два часа пред неговиот дом. Моментно тој се наоѓа во полициска станица. Не кажуваат зошто е уапсен. Одземен му е и телефонот, напиша портпаролката на Твитер. 

Навални е апсен повеќе пати поради организирање протести против Кремљ, а му било забрането да учествува и на претседателските избори оваа година поради условна затворска казна.

Рускиот опозициски лидер беше осуден на 30 дена затвор во мај поради неговата улога во организирање протести ширум Русија против претседателот Владимир Путин.

Во повеќе од 90 градови и места Навални повика на протести, под слоганот „Путин не е наш цар“