Економија 27.06.2018 12:40

Убер“ сепак ќе работи во Лондон

Убер“ сепак ќе работи во Лондон

И покрај тоа што таксистите го сметаат „Убер“ за нелојална конуренција, оваа американска компанија сепак ќе продоложи да работи во Лондон.

Лондонскиот суд одлучи да ја продолжи дозволата на „Убер“ за 15 месеци, по два дена разгледување на жалбата на Лондонската сообраќајна агенција, која побара откажување на
лиценцата.

Оваа компанија доби дозвола да продолжи со работа во Лондон. Тоа е одлука на судот во која се вели дека во наредните месеци ќе се следи работата на оваа фирма за локален превоз, која таксистите ја сметаат за нелојална конкуренција.

Директорот на „Убер“ во Лондон, Том Елвиџ ја поздрави судската одлука и вети дека ќе ја продолжи соработката со лондонската управа за сообраќај со цел да ја врати довербата и да
се смири загриженоста, на начин што ќе пружат уште подобра услуга на клиентите.