Економија 10.08.2018 08:29

„Uber“ со дуплирани инвестиции во „Freight“

„Uber“ со дуплирани инвестиции во „Freight“

Uber вели дека ќе ги дуплира инвестициите во Freight наредната година, сервис кој ќе ги поврзува возачите на камиони со менаџерите кои бараат карго преку САД, пишуваат дел од светските медиуми. Од Uber велат дека ова ќе биде посебен бизнис кој ќе го води Лиор Рон, поранешен вработен кој ја напуштил компанијата во март. Во текот на отсуството на РОн, компанијата преговарала договор за неговор враќање кое исто така му дава на Uber Freight  повеќе флексибилност за стратешки инвестиции.

Рон е коосновач на компанија која се вика Otto, која што Uber ја инкорпориаше во своите структури во 2016, а која потоа беше предмет на тужба со високи износи заради кражба на трговски тајни.  Како дек од реорганизацијата на Uber, ко-основачите и вработените во Otto ќе примат еквити сопственост во Uber Freight, иако Uber одби да соопшти детали за вредноста на еквити деловите и бројот на вработени кои ќе станат сопственици на овие делови.

Рон и Левандовски претходно двајцата работеа во Alfabet, компанијата која ја покрена првичната тужба. Левандовски беше обвинет дека даунлодирал доверливи документи пред да ја напушти компанијата Waymo.

Индустријата и бизнисот со камиони во САД е 700милијарди, а Uber  се натпреварува во фрагментиран и набиен пазар. Тие поминаа низ тешка битка за да го дистанцираат Freight од Otto, да ги раздвојат како независни бизниси без продукти кои се преклопуваат.