Кина најави укинување на рестрикциите за странски инвестиции во одредени сектори, што се толкува како нов потег за отворање на оваа азиска земја, во период кога се подготвува за можна трговска војна со САД.
Ублажувањето на рестрикциите ќе стапи во сила на 28 јули и ќе се однесува на автомобилската индустрија, инфраструктурата и рударството, соопшти кинеската Агенција за економско планирање.
Агенцијата објави и „негативна листа“, на која се наведени сектори каде странските инвеститори не можат слободно да пристапат.
Таа листа, по стапувањето во сила на новата одлука на кинеските власти, ќе се однесува на 48, наместо на 63 области.
Некои чувствителни области, како што се културата и националната безбедност, и натаму ќе бидат заштитени.