Живот 13.02.2019 17:37

УХМР со вонредни најави за времето

УХМР со вонредни најави за времето

Засилен ветер од северен правец најавуваат метеоролозите за денеска претпладне и околу пладне. Ветерот во западните делови на моменти ќе достигнува брзина до 100 километри на час

Со северниот ветер во северните и западните делови ќе има провејување на слаб снег.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег. За викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.