Канцеларијата на Управата за јавни приходи (УЈП) во општина Аеродром почнувајќи од денеска до крајот на година ќе работи до 18 часот.
Од УЈП соопштија дека со новото работно време граѓаните ќе имаат можност во продолжениот рок да ја исполнат својата законска обврска кон УЈП и да се пријавуваат во системот е-персонален данок во попладневните часови.