Од 15:30 часот на патот Македонски Брод – Прилеп е укината забраната за движење на тешки моторни возила преку планинскиот премин Барбарос, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
И натаму се во сила забраните за камиони на патиштата Маврово-Дебар, Стража – Кичево и Крива Паланка-Деве Баир и на патот Тетово – Попова Шапка, каде е воведена и забрана за автобуси.