Финансии 15.06.2018 10:35

Унилевер ќе се повлече од лондонскиот берзански индекс

Унилевер ќе се повлече од лондонскиот берзански индекс

Холандско-британската компанија Унилевер соопшти дека скоро сигурно нема да остане на лондонскиот
берзански индекс ФТСЕ откако ќе го премести своето седиште во Холандија.

Унилевер беше базирана во Лондон и во Ротердам, но планира во иднина да биде лоцирана првенствено
во Холандија. Со тоа, компанијата ќе се повлече и од берзанскиот индекс во Лондон, рече финансискиот
директор на Унилевер Греем Питкети, кој ги водел разговорите со индекс компанијата ФТСЕ Расел.
– Ние и во иднина ќе бидеме присутни на лондонската берза, и се надеваме дека инвеститорите кои се
погодени од овој чекор ќе имаат доволно флексибилност во своите акционерски портфолиа за да можат и
понатаму да тргуваат со акции на Унилевер, додаде Питкети.