Актуелно 28.08.2018 13:21

Уште колку деца треба да починат за Филипче да понесе одговорност, а Заев да призне дека здравството пропаѓа

Уште колку деца треба да починат за Филипче да понесе одговорност, а Заев да призне дека здравството пропаѓа

Моето дете почина од лекарска грешка.Ќерка ми не ја лечеа како што треба. Ова се сведоштва кои деновиве можевме да ги слушнеме од родителите на две деца кои починаа во период од неколку дена.

-Третманот во болницата во Прилеп беше несоодветен, сведочеше таткото Илми Холцман, чија двегодишна ќерка од село Житоше, во околината на Прилеп почина пред неколку дена.

-Кога стигнавме немаше докторка имаше само две сестри, дури ја најдоа докторката им требаше повеќе од еден час. Дојде докторката ја измери температурата му даде чепче, но температурата не се симнуваше и на детето му ставија систем. И покрај тоа детето сеуште имаше висока температура, сведочи таткото Холцман во изјава за телевизија Сител. Но и покрај системите и дадената инекција температурата на детето не се намалувала, започнала да  помодрува и десната нога. Според таткото температурата му се намалила на детето на 37,2 и лекарката го испратила дома. Но за кратко време, состојбата се влошила се вратиле во болницата во Прилеп  во тешка состојба повторно се вратиле во болницата.

Холцман обвинува дека детето воопшто не требало да го вратат дома туку во таква состојба требале итно да ги пратат во Скопје. Но, кога стигмале на Клиниката за инфективни болести им рекле дека било предоцна.

Неколку дена пред овој случај со детето од Прилепско, почина Ева Крстаноска, девојчето од Пештани за кое не се собраа пари за лекување. Малата Ева веќе една година се бореше со многу редок вид на леукемија.

Таткото Благојче Крстановски во сведоштво за телевизија Алфа исто изрази сомнеж во начинот на лекување на своето дете.

-Ако не се лечи како што треба, што мислите, зарем тоа не е убиство? Министерот не можеше да ме удостои со една средба, ми се јави секретарката, ми рече тука беше финансискиот  директор, со министерот разговараа и рекоа, платете ги средствата и потоа ќе ви ги рефундираме. Јас ако имав да ги платам тие средства зарем ќе ги молев нив? Сега ќе бев заминат за Германија. Не сега и претходно ќе бев заминат за Германија! Кој тука ќе собере 200.000 евра?, рече таткото на Ева.

По овие два смртни случаи и сведоштва на родителите на децата се поставува прашањето дали министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев следат што се случува во здравствените установи, ги слушаат ли воопшто родителите?

Освен овие, два последни случаи кои завршија трагично ако се вратиме наназад ќе видиме дека смртноста како кај родилките, така и кај новороденчињата е неверојатно голема.

Во длабока кома со канила за дишење, родилка од Скопје наместо на КАРИЛ заврши на геријатрија. 37-годишната Анета Симоновска се породила на скопска гинекологија кон крајот на минатиот месец. Породувањето минало добро, а на свет донела здраво машко дете, петто во семејството Симоновски. Неколку дена по породувањето Анета паднала во кома. Сопругот се сомнева дека се работи за лекарска грешка оти како што вели сопругата била здрава кога заминала на породување.

За многу краток период годинава и починаа неколку родилки. Во јули почина родилка откако на свет донела живо новороденче. Родилката починала во поранешната Градска болница. Црниот биланс во здравството покажува дека ова е четврти случај на почината родилка во скопските клиники откако претходно трите родилки Дебора Џамбази од Кичево, Маја Паневска од Свети Николеи Елизабета Динева од Гевгелија починаа по породувањето.

И смртноста кај новореднчињата исто така е многу голема. Само на почеток на годинава или за три месеци на Клиниката за гинекологија и акушерство починале 35 бебиња, од кои 10 се родени од 22-25 гестациска недела. И минатата година за период од само околу три месеци починаа триесеттина бебиња.

Најнови вести