Запрашајте се која е најважната личност во вашиот живот?
Ова прашање сите треба да си го поставиме одвреме-навреме. Која е личноста што се согласила да биде со нас без оглед на сè? Која би направила сè за нас, која е покрај нас, нè сака и поддржува? Дали е тоа вашиот партнер или сопруг/а?
Тогаш таа личност третирајте ја како што заслужува. Сите ние умееме да заборавиме да цениме и вреднуваме нечие присуство, но не смееме да заборавиме дека никој од нас не е незаменлив.
Тревата не е позелена кај комшијата туку онаму каде што најмногу ја полевате со вода
Во нашите очи туѓите животи може да изгледаат просто совршено, но дали навистина знаете што се случува зад затворени врати?
Без разлика како и да ви изгледа нечија врска, секогаш обрнувајте најмногу внимание на вашата. Со други зборови не гледајте во дворот на комшијата, туку гледајте вашиот двор да биде среден и да ви биде по мерка.
Никој не умрел каејќи се што не поминал повеќе време во канцеларија
Да, работата е важна. Ни помага да се снабдиме со средства за да уживаме во работите кои навистина ни значат, како на пример минување безгрижно време со блиските. Но материјалните средства не се сè што ни треба во животот. Иако некогаш грижите околу работата и кариерата умеат целосно да нè обземат, секогаш одвојте време за семејството и блиските. На смртна постела никој не ги памети часовите минати во канцеларија, туку оние минати во љубов и грижа со
„Главната лекција која треба да ја научите од среќните парови е дека лошите времиња минуваат, а добрите се враќаат.“ – Кетрин Џонсон
Секоја љубовна врска има свои подеми и падови, впрочем тоа е животот. Но врската бара внимание и труд, не само за родендени и годишнини туку преку целата година. Најважно е да запаметите дека вистинската љубов може да преброди сè, секакви кризи и проблеми и повторно да се врати на безбедно тло. Па нели најсилни сме кога сме заедно?
„Успешниот брак подразбира заљубување повеќе пати, но секогаш во истата личност.“ – Мињон Меклафлин
Долгата врска или брак не значи дека треба да ѝ направите место на здодевноста, напротив. Го гледате вашиот партнер колку прекрасни работи прави за вас, навидум и најобични и безначајни и ве тера пак и пак да се вљубите во него/неа. Замислете колку прекрасно е тоа чувство. Се вљубуваш во личноста која веќе ја имаш покрај себе и безбедно уживаш во секој момент минат со неа.