Актуелно 09.07.2018 12:30

Утре без струја делови на Кисела Вода и Петровец

Утре без струја делови на Кисела Вода и Петровец

Од ЕВН Македонија информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 07.30 до 08.30 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1, како и корисниците од улиците Есенинова и Балканска ( општина Кисела Вода ).

– во периодот од 07.45 до 15.30 часот, корисниците од улицата од село Петровец кон село Огњанци, ул.8 и околните подулички во село Петровец, објектите на Еурека Пласт, Фазанерија и Еуроленд, корисниците од селата Бадар, Кожле, Катлановско Блаце и Тотинци, како и тунелот Катланово. ( општина Петровец ).