Жителите од скопското село Бродец и дел од корисниците од улиците „Ѓурчин Кокале“, „Македонска преродба“ и „Борис Сарафов“ во општина Ѓорче Петров утре ќе бидат без електрична енергија од 9 до 12 часот.
Во периодот од 8:30 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ зграда бр. 39, а од 9 до 13 часот корисниците од улицата „Лазар Димитров“ и куќите на потегот меѓу улицата и пругата во општина Кисела Вода.
Без струја од 9 до 13 часот ќе бидат и жителите од скопските села Јаболци, Нова Брезница, Патешка Река, Држилово, Црн Врв, Малчиште, Елово, Осинчани со сите стопански и нестопански објекти на тој потег, каменоломите на Рудопроект, Беровиќ, Цементара Титан, хидроцентралата Патешка Река.
Во истиот период без струја ќе бидат и жителите од селата Долно Соње, Горно Соње, Говрлево, Ракотинци, Маркова Сушица, Чифлик и Света Петка со сите стопански и нестопански објекти на тој потег.
Прекините се поради планирани инвестиции во електросистемот.