Околу 150 од предвидените 400 летови на компанијата Ryanair за слетување и полетување од Германија , утре ќе бидат откажани.
Утре е најавен нов штрајк на вработените , кој синдикатите го најавија да почне ноќеска. Денеска компанијата ги извести патниците дека може бесплатно да ги замента билетите за летови утре , со билети за кој било друг ден до крајот на неделава.
Во август компанијата имаше координиран штрајк на вработените во пет земји на ЕУ и тоа среде шпицот на туристичката сезона. Тогаш беа погодени над 55 000 патници .
Германскиот штрајк закажан за утре е најава за европски штрајк на пилотите и членовите на екипажите , а одлуката за тоа ќе биде донесена во четврток во Брисел.
Тогаш претставниците на синдикалните организации од Италија, Португалија, Шпанија, Холандија и Белгија ќе се договараат и за најголемиот штрајк во историјата на компанијата , што ќе треба да се одржи на 28 септември.